(РЕЦЕПТ) Вкусни посни палачиники: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

За подготовка на овој превкусен десерт ви се потребни следниве намирници:

-300 гр брашно

-500 мл минерална вода

-1 прашок за пециво

-1/2 сода бикарбона

-1 мала шолја масло за готвење

-малку сол

-малку масло за подмачкување на тавата

-џем/може и посен крем


Начин на подготовка:

Во сад ставете гибрашното, сода бикарбоната, прашокот за пециво и на крај додадете ја минералната вода, сол и масло. Изматете ги состојките со миксер или со маталка. За тоа време, загрејте ја тавата и подмачкајте ја. Добиената смеса ставете ја на веќе загреаното тавче и печете ја посната палачинка околу половина минута, па свртете ја да се пече и од другата страна. Повторете ја постапката додека не ја потрошите смесата од садот. Добиените палачинки намачкајте ги со џем или посен крем и преклопете ги во посакуваната форма.


Бон апетит!


Можеби ќе ве интересира:

(РЕЦЕПТ) Плескавици од риба: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Ароматичен ѓувеч со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Највкусното посно гравче од манастирот Хиландар: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Ослич со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости