Ретко го гледаме со неа, а ја прошета на црвениот килим: Зошто Даниел Крег ја криеше токму оваа жена која е најважна во неговиот живот?

Даниел Крег за прв пат во јавноста се појави со една од најважните жени во својот живот која ретко ја гледаме.

Станува збор за неговата ќерка Ела Лудонкоја ја има од брајот со поранешната сопруга Фиона Лудон. Крег ја донесе и заедно со неа прошета на црвениот килим по повод забавата по премиерата на новиот Џејмс Бонд.

Ела е најстарата ќерка на Даниел, која ја доби со својата поранешна сопруга Фиона Лудон, а за премиерата на новиот филм на нејзиниот татко таа избра елегантна комбинација која беше во склад со онаа што ја носеше. Бела кошула, црн костум и широки црни панталони ја нагласија нејзината линија, вклучувајќи високи потпетици кои таа одлично ги спои во целиот стил.

Ќерката на Крег и самата е актерка во подем, но таа ретко се појавува во јавност со својот татко, па многумина беа изненадени кога се појави на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд.

Познатиот актер застана пред олтарот со нејзината мајка Фиона во 1992 година, но по две години брак, парот сфати дека не се едни за други и се разведоа.

Меѓудругото, актерот Даниел Крег, 53-годишна sвезда на Џејмс Бонд, ќе ја добие својата свезда на Холивудската патека на славните, туристичка атракција во Лос Анџелес, беше објавено.