Ретко кој има вакви стомачни: Данијела Димитровска ја покажа тајната на совршениот изглед (ВИДЕО)
Данијела има извајано тело со помош на напорниот тренинг, како и здравата исхрана која ја практикува
Манекенката Данијела Димитровска е една од најуспешните жени од овие простори во светот на модата.
На својот Инстаграм профил манекенката сподели сет вежби кои ги прави за затегнат стомак, а колку се ефективни покажуваат и оцртаните стомачни мускули.
- Да, да, како што ветив, почнуваме даснимаме тренинзи, а денес со вас споделувам дел од вежбите кои ми помагаат да ги зајакнам стомачните мускули. Ова може да биде самостоен тренинг доколку сте почетник, а ако тренирате некое време, можете да ги додадете овие вежби во друга мускулна група. Следниот тренинг ќе биде за раце, а вие пишете ми што сакате да снимам после тоа. П.С. Мал „disclaimer“, не сум професионален тренер, ова е нешто што ми даде одлични резултати, па се надевам дека ќе успее и кај вас - напиша Даниела со видеото на Инстаграм.
Извор: www.espreso.co.rs