Родена е без раце, но сама готви, чисти, ги лакира ноктите: Ништо не е невозможно

Сара Талби (38) од Белгија е родена без раце, но тоа не ја спречи да живее живот како и секоја друга личност.

Сара готви, чисти, ја мие косата и сама се тушира, ги бојадисува ноктите, вежба ...

„Можам да сторам со нозете се‘ што прават другите со своите раце“, вели Сара.

„Како дете, не се чувствував поинаку од моите врсници. Се‘ што другите научија да прават со своите раце, како да се облекуваат или да се хранат, јас научив да го правам со нозете", рече таа.

Сара е и мајка на двегодишната Лила и истакнува дека се грижи за својата ќерка како и секоја мајка.

- Ја чешлам, ѝ ја мијам косата и готвам. Лила не ме гледа како поразлична од другите - објасни и додаде дека мајчинството понекогаш може да биде тешко, особено со нејзиниот недостаток.

Се‘ е можно кога сакате, а јас отсекогаш имав желба за нормален живот “, истакнува Сара.


Фото: Инстаграм/Сара 
Видео: Youtube