Сакам да умрам дискретно во сон, без многу фама: Познатиот фудбалски тренер Ќиро вака зборуваше за борбата со ракот на простата

Фото: youtube/ 24sata

Легендарниот фудбалски тренер и поранешен селектор на хрватската фудбалска репрезентација Мирослав Ќиро Блажевиќ почина денеска во Загреб на 88-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

Иако на 87 години вторпат се соочи со рак на простата, легендарниот фудбалски тренер на нозе го поднесуваше лекувањето, и призна дека мислел на смртта, која само сакал да биде брза...

Тој за оваа болест отворено говореше за хрватските медиуми.

Пред 17 години, Ќиро беше опериран од рак на простата во Универзитетската клиника во Инсбрук. Една година потоа, тој исто така беше опериран за меланом во рана фаза. Сепак, минатата година дознал дека ракот на простата метастазирал.

- Ми недостига младост и младешка енергија. И покрај вежбањето, тонот на мускулите на нозете за жал повеќе не е како на млад човек и всушност мојот чекор стана нестабилен како што стареам. Но, се преправам дека сум важен и одам како војник. Луѓето не знаат колку се напрегам за секој чекор. Ако го преживеам сето ова ќе морам да одам со бастун- ја започна својата исповед за „Gloria.hr“во 2021-ва година.

„Немав никакви тегоби, тоа го дознав на редовен преглед. Отидов да ми ја проверат крвта и резултатите покажаа дека мојот PSA, специфичен антиген кој може да укаже на рак на простата, е покачен. Редовно се проверував сите овие години откако ме оперираа и тој антиген секогаш беше „нула“, а сега наеднаш „се искачи“ на шест. Кога докторката ме извести дека се сомнева дека имам рак, се чувствував како да ми кажала дека сум осуден на смрт, но јас стоички го поднесов тоа“, рече тогаш Ќиро.


Понатамошните анализи покажале дека ракот е на истото место каде што бил опериран пред седумнаесет години, но и малку се проширил. Немал друг избор освен повторно да им се предададе на хрватските лекари, за кои вели дека исто како и фудбалерите, се најнадарените на светот.

„Стравот ме принуди да се борам со болеста... Малку сум поинаков од другите луѓе, па кога ќе ми кажат: „Ќиро, имаш рак, осуден си да умреш“, одговарам: „Сум по ѓаволите! Ќе се погрижам јас и за тој рак“, рече тој.

Овојпат Ќиро се лекуваше во приватна поликлиника специјализирана за дијагноза и третман на рак, како и во Загребскиот клинички болнички центар.

И покрај борбата со тешката болест, смислата за хумор не го напушти Блажевиќ.

„Еден пријател ми вели: „Ќиро, ако на погребот ти дојдат сите оние што некогаш се фотографирале со тебе, тоа ќе биде колона од Дубрава до Мирогој“... Но, мојата желба е да одлетам дискретно, без многу фама, и да се поздравам со сите што овозможија мојот живот да биде главно позитивен. И тоа да се случи во сон, бидејќи тоа е најубавата смрт. За да не патам, со оглед на тоа што мојот праг на толеранција на болка е многу низок“, откри тогаш тој.

Извор: stil.kurir.rs