Саша Ковачевиќ: Ќерката на девојка ми ја сакам како да е моја

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој често гостува во нашата земја е актуелен со врската со Зорана Тасиќ. Таа од првиот брак ја има ќерката Искра, за која Ковачевиќ вели дека ја сака како да е негова ќерка.

„Уживам во игрите со Искра, и ја сакам како да ми е ќерка“, вели пејачот. Зорана инаку е од градот Кикинда, и е поранешна Мис на Војводина.


„Се запознавме на Инстаграм. Почнавме да се лајкуваме, а потоа стапивме во контакт и така започна нашата врска“, откри Ковачевиќ.