Се заљуби и се омажи за човекот кој ѝ ја уби сестрата близначка: Се венчааа додека тој беше уште во затвор, а потоа приказната добила драстичен пресврт

Фото: profimedia

Во 2013-та година, Едит Касас се омажи за човекот осуден за убиство на нејзината идентична сестра близначка. Тоа не била баш свадба од соништата и еден од сведоците бил затворски чувар, а невестата веднаш била гаѓана со камења и јајца.

Па зошто Едит сакала да се омажи за Виктор Чинголани, кој беше осуден за убиството на нејзината сестра Јохана? Јохана, модел, почина само неколку дена по нејзиниот 20-ти роденден, во август 2010-та година.

Нејзиното тело е пронајдено во поле во близина на Пико Трункадо, Аргентина. Таа била застрелана двапати во главата. За убиството на Јохана се уапсени две лица. Едниот беше Чинголани, кој ѝ беше поранешно момче. Другиот беше човекот со кој живееше во моментот на нејзината смрт, Марко Дијаз.

Јохана и Дијаз се видени заедно на забава само неколку часа пред да биде пронајдено нејзиното тело. Во моментот на смртта на Јохана, Чинголани се забавуваше со Едит и беше наоколу некое време.

Во јуни 2012-та година, Чинголани беше осуден на 13 години затвор за убиството на Јохана. На Дијаз сè уште не му е судено за злосторството.

Адвокатот на Чинголани, Лукас Чакон поднесе жалба. Едит остана убедена во невиноста на Чинголани, инсистирајќи на тоа дека тој е „човек кој не би повредил ниту мува“. Таа го посетувала во затвор и се договориле да се венчаат. Чинголани тврдеше дека неговата врска со Јохана била „лежерна“, но тој бил заљубен во Едит.

- Имаме многу заеднички работи и таа не е љубоморна, изјави Чинголани за аргентинскиот весник „Кларин“.

- Секогаш зборуваме за Јохана, за тоа каква беше.

Сакале да ја прекинат свадбата

Нејзината мајка, Марселина дел Кармен Орелана, рече дека ѝ е јасно дека Едит е „ментално болна“. Нејзиниот татко Валентин Касас изјавил дека повеќе не сака да ја гледа својата ќерка.

Нејзината мајка се обидела да ја спречи венчавката, тврдејќи дека Едит „не била во целосна контрола над нејзините ментални способности“.

Судијата наредил психолошка проценка пред свадбата. Евалуацијата покажала дека Едит е ментално компетентна да донесува одлуки.

- Виктор не е насилен човек и не сум лута, објави Едит.

- Не се сомневаме во тоа што го правиме. Се сакаме. Чакон рече дека Едит не се мажи за убиец.

- Отпушоците од цигарите пронајдени во близина на телото на Јохана му припаѓале на Дијаз и сите сведоци го инкриминирале, изјави тој за медиумите.

- Се мажи за човек кој е осуден во судски скандал. Сè што сакаме е правда.

Нејзините родители останале неубедени.

- Нема зборови со кои може да се опише што ќе направи Едит, рекла нејзината мајка.

 Таа е виновна за страшно предавство. Нејзиниот татко се откажа од неа.

- За мене и двајцата се мртви, рече тој.

- Јохана е со Бога, а Едит со ѓаволот.


На Денот на вљубените, 2013-та година, Едит и Чинголани се венчаа во матична служба во близина на затворот каде што ја издржуваше казната Чинголани.

- Би сакал мојата свадба да биде мирна, не сакам никаков хаос. Ја разбирам ситуацијата во нејзиното семејство. Но мора да ме разберат во тоа што го правам, тоа го правам од љубов.

Чинголани носеше очила за сонце и беретка за да се маскира на церемонијата, а потоа беше изнесен од задната врата за да биде вратен во ќелијата. Едит излезе надвор од зградата и се соочи со гневот на толпата.

Има пресврт во оваа приказна. Во декември 2013-та година жалбата на Чинголани беше успешна. Тој беше ослободен од затвор. Според нивните Фејсбук страници, Едит и Чинголани сè уште се во брак и уживаат во заедничкиот живот. Изгледа дека ќе живеат среќно до крајот на животот.

Извор: zena.blic.rs