Седум дена спиела со селотејп на челото: Резултатот е неверојатен - хирург откри дали навистина има ефект

Има се повеќе жени кои поради нов трик спијат со селотејп на челото - трикот наводно помагал за да ги отстранат брчките. Експертите откриваат дали навистина помага.

Пластичниот хирург Ентони Џун открива дали навистина може да помогне, а одговорот ќе ве изненади.

„Со ставањето селотејп на челото генерално нема да се отстранат сите брчки што ги имате. Тоа е само начин да се потсетите да не ги движите веѓите премногу“.

Факт е дека брчките на челото се главно резултат на изразот на лицето, односно тоа се линии кои настануваат поради активирање на мускулите на лицето. Бидејќи количината на важна компонента на кожата, колаген, се намалува со текот на времето, кожата повеќе не може целосно да се врати во претходната состојба по овие движења.

Јасно е дека помалото движење на мускулите на лицето значи помалку брчки, но тоа не значи дека никогаш не треба да ја кревате веѓата или да се намуртите. Експертите велат дека најважно е да бидете сигурни дека вашето лице е опуштено кога одмарате, а ако лепењето на челото ќе ви помогне во тоа, во ред.

Селотејп, велат експертите, може да помогне да се спречи несвесното збрчкање на кожата додека спиете, па затоа жените ја нанесуваат навечер.

„Тоа нема да ги намали постоечките брчки, тоа е само потсетник да не се прават повеќе“, потсетува пластичниот хирург д-р Џун.


Фото: ТикТок

Можеби ќе ве интересира:

„Gym lips“ е нов тренд за шминкање на усните кој стана хит на Интернет: Сјајни и полни усни во само два чекора