Семејна средба: Маестро Џамбазов конечно ја запозна снаата

Единствениот Игор Џамбазов е еден од омилените јавни личности во земјава. А, покрај него и неговата партнерка Илина Арсова, која е алпинистка, станува попозната но и помила за граѓаните.

Парот, од почетокот на својата врска до денес, дел од своите секојдневни случувања ги споделуваат со јавноста, на социјалната мрежа Инстаграм. 

Овој пат, Игор сподели фотка на која е тој со Илина, но и со неговиот татко Александар Џамбазов.


„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу @maestrodzambo, @ilina_arsova и дечкото без брада“, напиша Игор.

Објавената фотографија за помалку од 20 часа, собра над 12.000 лајкови. Но, исто така на оваа фотка може да се забележи, како што и самиот Игро Џамбазов напиша, дека тој е без брада. Искрени да бидеме, и без брада и со брада, Игор си е Игор и изгледа одлично.


Фото: Инстаграм/igordzambazov

Можеби ќе ве интересира:

(ЕМОТИВНИ ФОТО СПОМЕНИ) Игор Џамбазов ја објави последната семејна фотографија