Северина се пофали каков подарок добила од синот Александар и допре до срцата на нејзините следбеници (ФОТО)

Северина се пофали со подарок кој за неа има посебно значење и допре до срцата на нејзините следбеници.

Северина на својот Инстаграм објави нови фотографии кои ѝ се од големо значење. Имено, пејачката се фотографираше со голем букет цвеќе на кој пишува „За најдобрата мама“. 

-Најсреќната мама на светот по концертот го доби најубавиот подарок на светот..., напиша таа во описот на фотографијата покажувајќи го букетот што го доби од синот Александар. 



За фотографијата доби бројни позитивни коментари од нејзините следбеници, кои ѝ честитаа на Северина што има толку прекрасен син.

Инаку, Северина настапи на Летната сцена во Опатија пред 4 дена. Специјалниот репертоар содржеше 24 песни кои ја одбележаа кариерата на Северина; од самиот почеток до денес. Со оваа ретроспектива на хитови, 5000 посетители беа „вратени“ во некои стари времиња, при што уживаа во омилените песни, кои немаат можност често да ги слушаат на концертите на Северина. 

извор:vecernjilist

Фотошоп или естетски корекции - Северина претера: Сите гледаат со неверување во нејзиното лице (ФОТО)