ШОК: Сепак не умрела од старост, туку од нешто подмолно, а било скривано

Според официјалните податоци, кралицата Елизабета Втора починала од старост. Меѓутоа, еден од најдобрите пријатели на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, Глис Брандрехт, во својата нова книга „Елизабет: интимен портрет“ открива дека причината за смртта всушност била ретка форма на рак.

Според авторот, тоа е ретка форма на рак на коските.

Слушнав дека кралицата има форма на меланом - рак на коскената срцевина - што може да објасни зошто била постојано уморна и имала проблеми со движењето во последната година од животот. Најчест симптом на оваа болест е болката во коските, особено во карлицата и грбот. „Оваа болест најчесто ги погодува постарите лица“, рече тој.

Биографот на кралицата, исто така, тврди дека Елизабета имала периоди кога се чувствувала многу многу лошо, но била решена да продолжи со своите должности по смртта на принцот Филип во април минатата година.

„Мојот сопруг не би ми го дозволил тоа“, рече Елизабет, не сакајќи сожалување.

Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска.

Кралицата беше погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде почива покрај нејзиниот сопруг принцот Филип и нејзините родители.

Извор: Жена блиц