Што изгуби Бен Афлек! Девојката на Бонд Ана де Армас на црвениот килим го шармираше дури и принцот Вилијам (ФОТО)

Актерката Ана де Армас блесна во Лондон во секси фустан со потпис на Луј Витон Таа е ѕвезда на вечерта!

Актерката Ана де Армас во Лондон е главна кога станува збор за гламурот и сексапилот.



Поранешната девојка на Бен Афлек пристигна на црвениот тепих во Ројал Алберт Хол, на премиерата на филмот за Џејмс Бонд „Нема време да умрам“. Покрај Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, улогата на девојката на Бонд ја имаше убавата Ана.



Филмовите за Бонд секогаш се синоним за акција и гламур, а Ана де Армас дефинитивно беше на исто ниво кога станува збор за црвениот тепих! Иако премиерата на филмот беше одложена дури за 18 недели, беше организирана гала вечер, на која присуствуваа и членови на кралското семејство, како Кејт Мидлтон, принцот Чарлс и принцот Вилијам.

View this post on Instagram

A post shared by Ana de Armas (@anadarmasfeed)


Вилијам и Чарлс беа фотографирани како разговараат со Ана, и се чини дека кубанската убавица ги шармираше!

Носеше секси црн долг фустан, кој беше специјално креиран за неа, а беше потпишан од Луј Витон. Со длабок шлиц и неверојатно деколте, актерката блесна во гламурозно секси издание кое во исто време беше и толку елегантно.

Ана неодамна за прв пат беше фатена со ново момче.