Шварценегер повторно стана дедо: Се породи ќерката на актерот, а еве кое име го одбраа за бебенцето

Се породи ќерката на Арнолд Шварценегер. Актерот доби уште едно внуче!

Кетрин Шварценегер и нејзиниот сопруг Крис Прат добија второ дете, па нивното семејство сега е побогато за уште едно девојче.

Писателката и актерот за бебенцетого избра името Елоиз Кристина.

„Многу сме среќни да ве информираме дека имаме уште една ќерка Елоиз Кристина Шварценегер Прат. Многу сме благодарни. Ве сакаат Кетрин и Крис“, напиша Кетрин на својот Инстаграм профил, само еден ден по породувањето.

Инаку, ова е трето дете на Крис. Со поранешната партнерка Ана Фарис, актерот го има синот Џек.


Фото: YOUTUBE/ JIMMY KIMMEL LIVE