Силуваат девојки, убиваат жени, а проблем се „цицките“ на фустанот?: Лепа Брена брутално им одговори на хејтерите
„Каков лажен морал“, рече таа
Лепа Брена пред камерите за новогодишната ноќ пееше во долг црн вечерен фустан од Борис Краготиќ од Сплит, на кој беше нацртано голо женско тело со златни светки на предната и задната страна, а тоа предизвика многу реакции, пишува „Слободна Далмација“.
- Лепа Брена во најгрдиот фустан што сум го видела во животот. Луѓе мои, дали е можно? Што е ова? Драга мајко! - се само некои од најчестите коментари.
Критики за фустанот стигнаа и до Брена, со која на оваа тема разговараа новинарите од „Слободна Далмација“.
- На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, сè што е нормално не привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи... Каков лажен морал! Додека во денешно време партнерите убиваат жени, силуваат девојки и не ги прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век и ширењето на верска и национална омраза... - насликани златни цицки на фустан се проблем! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме - вели пејачката.
Новинарите ја прашаа што сака да каже со овој фустан.
- Без жените немаше да постои човекот! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот, Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесната жена. Истиот стил на облекување прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе. За мене го направи Борис Карготиќ, сопственик на брендот „DeMode“, родум од Сплит. Многу модерен, авангарден и креативен, во кариерата соработуваше со Мадона и веќе споменатата Бијонсе - изјави Брена.
Таа својот новогодишен концерт го одржа во еден белградски ресторан, а на социјалните мрежи напиша:
- Не дозволувајте стравот да ве спречи да го остварите секој ваш сон, верувајте ми, сè што можете да почувствувате или замислите, можете да постигнете. Треба само да верувате во себе дури и кога никој друг не верува, да имате сила лесно да го поминете секој предизвик во животот и да имате детска имагинација бидејќи од имагинацијата се наоѓаат најдобрите решенија. Она што може да го комплетира сето ова се добрите луѓе со кои ќе се опкружувате. Поминете ја оваа 2023 година со ставот „ма ме боли уво за сè, јас ги имам моите соништа“. Бидете благодарни, сакани и сакајте – порача пејачката во објава на Инстаграм.
Извор: