Силвестер Сталоне емотивно за починатиот син: Драго ми е што постоеше затоа што можев да живеам низ твоите очи

Добивај вести на Viber

Документарниот филм за животот на актерот Силвестер Сталоне, Sly“ е објавен на Нетфликс.

Познатиот актер Силвестер Сталоне во филмот првпат зборува за сите тешки моменти кои му се случиле, меѓу другото зборуваше и за лошиот однос со татко му, но и за смртта на синот.

Тој почина на 36-годишна возраст поради атеросклероза на коронарните артерии што предизвика срцев удар, а некои извештаи велат дека тоа е поврзано и со лекови, но актерот никогаш ништо не коментирал.

Документарецот прикажува снимка од Сејџ на 14-годишна возраст, кога тој го игра Роберт, синот на Роки Балбоа во „Роки V“. Приказната за делот од 1990 година се фокусира на тешкиот однос на Роки со неговото дете бидејќи момчето чувствува дека Роки поминува повеќе време на тренинзи со боксерот Томи (Томи Морисон) отколку со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Адријана.

<iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/_FMulgkArnw?si=0fctywfxFIEduZag" title="YouTube video player" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share" allowfullscreen></iframe>

На прашањето дали заплетот на филмот го потсетува на неговиот однос со синот во реалниот живот, актерот рече:

„За жал, да. Се обидувам да преземам нешто што навистина посакувам да го направам во реалниот живот, но не можев. И честопати го правев тоа театарски, магично. Многу од тоа е вистина. За жал, кога работите ги ставате пред семејството, последиците се доста радикални и поразителни“.

Во документарецот се прикажани и сцени од премиерата на „Роки V“ каде актерот зборува за татковството додека стои со својот син.

„Во филмот има една реплика: „Многу ми е драго што се роди затоа што сега можам да живеам низ твоите очи“. Мислам дека тоа е она што татковците го сакаат од своите деца. Тоа е продолжение, парче бесмртност. Се додека тој е жив, сеќавањето секогаш ќе ви биде живо, дека сте направиле нешто добро. Мислам, се надевате на тоа“, изјави актерот.

Синот на актерот, почина на 36-годишна возраст.

Силвестер Сталоне го доби синот Сејџ Сталоне со Саша Чак, со која беше во брак од 1974 до 1985 година.

Фото: Јутјуб принтскрин

Извор: www.b92.net