Скриеното значење на ѓерданот на Меган: Што вели тоа за нејзината ментална состојба

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Youtube/screenshoot

Лапис лазули помага во самоизразување и откривање на нечија внатрешна вистина

Меган Меркел (39) во последно време е под будното внимание на сите светски медиуми, особено по интервјуто кое и го даде на Опра Винфри заедно со нејзиниот сопруг принцот Хари. Се следи секој нејзин чекор, движење, изговорен збор, се посветува посебно внимание на тоа што носи, каква е нејзината фризура, што носи од накит, бидејќи се чини дека секој детаљ испраќа одредена порака.

Имено, Меган Маркл неодамна се појави во шоуто „The Late Late Show With James Corden“ преку Фејсбук Тајм и по тој повод носеше кристален ѓердан со посебно значење. Војвотката од Сасекс го облече фустан со ѓердан кој има приврзок направен од кристали лапис лазули во форма на трапез и чија цена е 1.295 долари.

Ѓерданот е од колекцијата талисмани „Airelume“ дизајнирана од нејзината пријателка Тарин Туми. 

- Лапис лазули помага при самоизразување и откривање на нечија внатрешна вистина - стои во описот на производот.

- Овој камен се смета за знак на искреност и мудрост и е особено корисен за сите оние кои треба да ја зајакнат својата самодоверба и посилна врска со својот внатрешен глас - пишува во описот.

Нејзиното кратко појавување во шоуто се случи само неколку дена пред големото интервју со Опра Винфри, за време на кое војвотката од Сасекс рече дека се чувствува ослободена и конечно може да зборува за себе.

За време на тоа интервју, Меган исто така сакаше да испрати порака со својот стајлинг. Нејзиниот црн фустан Армани и белиот лотос цвет на десното рамо беа поврзани со симболиката на преродбата и духовното просветлување. 

Многумина веруваат дека со овој невербален чин, Меган всушност рекла дека нејзиниот живот, по стресниот живот на кралскиот двор, конечно процветал со преселбата во Америка.


Фото: Youtube/screenshoot/ PRINTSCTEEN/SHOP.THECLASS.COM

Moжеби ќе ве интересира:

Никој не го забележа овој детаљ: Меган на интервјуто носи нешто што ѝ припаѓало на принцезата Дајана