На среде улица во Козле, во близина на црквата Св. Јован, „никна“ бела хризантема. Станува збор за граѓанска досетливост со цел да им се помогне на возачите навремено да ги лоцираат и да ги заобиколат уличните дупки кои ги има на секој чекор.
- Возачите уредно го заобиколуваа цвеќето, избегнувајќи ја дупката. Ем цвеќето убаво ем помалку трошоци за амортизација на колата - велат очевидци.
Овој „смарт протест“ против уличните дупки, кои никако да се закрпат, наиде на симпатии кај Скопјани, така што не е исклучено вакви цвеќиња да никнат и на други градски улици.