Со срце на терен за Македонија: Во каква атмосфера навиваа за црвено-жолтите македонските познати личности?

Вчера Македонија се сплоти во едно и сите со цело срце навивавме и ги бодревме црвено-жолтите, кои нѐ направија горди и покрај поразот.

Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, заигравме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите.

Иако првиот натпревар од Европските првенства во фудбал, Македонија го заврши со пораз на натпреварот со Австрија, македонските репрезентативци изгубија 3:1 на Националната Арена во Букурешт, горди нѐ направи капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, во 28-та минута на натпреварот го даде првиот, историски гол за Македонија на Европските првенства. 

Македонските репрезентативци имаа голема поддршка од трибините, иако Арената во Букурешт, придржувајќи се на мерките за заштита од коронавирусот, не беше во својот полн капацитет од 55.000, туку околу 18.000 навивачи на Австрија и Македонија го следеа натпреварот во живо, но поддршката не изостана и од оние кои не бевме таму. Со голем жар се следеше овој историски натпревар за Македонија од домовите покрај малите екрани, по плоштади, кафулиња, кафеани.

И македонските познати личности покажаа голема поддршка за нашите репрезентативци, секој во различна атмосфера го пратеше натпреварот, но сите со срце на терен и желба за победа.

Премиерот Заев со сопругата Зорица од трибините на Националната Арена во Букурешт ги бодреа нашите репрезентативци.

Директно од трибините навиваше и Панчо ДНК.


Актерот Сашко Коцев во друштво на златната копачка, легендарниот фудбалер Дарко Панчев навиваа за Македонија.

Годинешниот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев напиша песна „Дај ми рака” со посвета за сите деца бидејќи секој од нас е нечие дете, но посочи дека песната се совпаѓа со истата порака за поддршка за нашите момци кои гордо ќе ги бранат боите на нашата Македонија на Европско.


Најмалата навивачка, но и најслатка беше Илина, во друштво на мама Сара Мејс и тато Димитар Атанасовски, тројцата облечени во дресот на Македонија.


Каролина Гочева објави фотографија од настапот на Евровизија со македонското знаме и им упати зборови за поддршка на фудбалерите.


Едно е сигурно, ниеден пораз не се брои - Македонија се сака и кога се губи, а на момците им посакуваме среќа на следните натпревари.