Социјалните мрежи ја поткопуваат женската самодоверба: Ова мора да престане

Она што го гледате на Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Твитер и другите социјални мрежит не е реалност - вели новинарката Дене Мерсер

Познатата новинарка Дене Мерсер целата своја кариера ја посвети на тоа да се чувствувате подобро. Да, да Вие!

Жена што е во депресија поради идеалните фотографии од социјалните мрежи, жена на која не и се допаѓа нејзиното тело поради новите стрии што ги доби по бременоста. Да, Вие кои не сакате да носите шорцеви затоа што имате целулит - затоа што за волја на Бога, сите други изгледаат совршено. Грешка!

Ова е токму она што Дене со години се обидуваше да им го објасни на жените ширум светот. Новинарката својата кариера ја посвети на разоткривање на триковите што ги користат луѓето од социјалните мрежи за да ги прикажат своите животи како идеални. Всушност, Дене се обидува да им објасни на сите дека она што го гледате на социјалните мрежи не е реалност, туку само идеален дел од нечие секојдневие.

Погледнете ги примерите што ги објавува секојдневно на нејзиниот Инстаграм профил. Таа обично се користи себе си и своето тело како пример за „идеалот“:










Фото: Инстаграм/ Дене Мерсер