Сопругата на Даниел Крејг: Агентот 007 е 10 години во брак со оваа убавица (ФОТО)

007 ѕвездата се венча во 2011 година.

Даниел Крејг се повлекува од франшизата за Џeјмс Бонд, но дефинитивно влезе во историјата, не само како најплатениот актер на Џејмс Бонд, туку и како актер кој напиша нови страници за најпознатиот измислен таен агент во светот. Благодарение на него, досегашните четири продолженија заработија повеќе од три милијарди долари. Покрај тоа, со Крејг, Бонд старееше, созреваше, се заљуби за прв пат и плачеше за прв пат.

Кога станува збор за приватниот живот на Даниел, кој честопати беше прогласуван и за најсекси маж, тој е во среќен брак со актерката Рејчел Вајс, со која започна да излегува во декември 2010, а половина година подоцна ја однесе пред олтарот.

Двојката имаше прилично неконвенционална венчавка, поканувајќи вкупно само четворица гости на венчавката - и двајца од гостите беа нивните деца -  Ела, која е дете на Даниел од претходната врска со Фиона Лудон, и тогаш четиригодишниот Хенри кој Рејчел го има со поранешниот вереник Дарен Аронофски.

- Никогаш не мислев дека ќе се омажам. Никогаш не беше тоа во моите планови, токму спротивното. Никогаш не сум била романтичен тип чијашто поента е всушност бракот. Но, тој посреќен, позрел момент едноставно се случи - рече тогаш новопечената г -ѓа Крејг за списанието ES.

Двојката доби ќерка пред три години, која вешто ја кријат од јавноста. Само актерката за време на бременоста изјави дека „едвај чекаат да се сретнат со нивното мало чудо“.


фото:PROFIMEDIA

извор:stil.kurir.rs / hellomagazine.com