Сопругата на премиерот Ковачевски се дружеше со сопругите на неколку европски лидери: Елена рамо до рамо со Брижит Макрон

Добивај вести на Viber

Елена, сопругата на премиерот Ковачевски за прв пат денеска имаше јавно појавување и тоа во Њујорк.

Таму, сопругата на премиерот е заедно со него, а денес имаше дружба, настан заедно со сопругите на лидерите на неколку европски земји. Меѓу дамите беше и сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит Макрон.

Елена беше дел од приемот кој го организира првата дама на Турција, Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата „Нула отпад“.

Сопругата на премиерот е заедно со Ковачевски и го придружува на Генералното собрание на Обединетите нации.

View this post on Instagram

A post shared by Emine Erdoğan (@emineerdogan)