Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Денес се одбележува 8 март, Меѓународниот ден на жената. Идејата за „славење“ на жените и женските права ја спроведе германската политичарка Клара Цеткин.

Зад овој датум се крие потребата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените, во споредба со мажите. И каде сме денес во споредба со 1909 година, кога беше востановен првиот ден на жената во САД?

Повеќе од 100 години подоцна, светот сè уште нема утврдено еднакви, демократски права за двата пола, барем во пракса. Од гледна точка на деловна активност и кариера, жените сè уште „припаѓаат“ на пониско платени професии, односно на пониски плати за ист износ или вид на работа.

Короната како дополнителен „товар“

Во споредба со минатиот 8 март, многу нешта се случија во животот на луѓето, особено на жените. Од деловен аспект, пандемијата дејствуваше на повеќе начини, пред се во смисла дека милиони почнаа да работат од дома и дека многу жени беа принудени да дадат отказ за да се грижат за своите деца, бидејќи училиштата и градинките не работеа.

Генерално, жените носеа поголем товар за време на коронската криза. Дури и оние кои ги задржаа своите работни места мораа да сфатат како да ги балансираат деловните и приватните обврски, и тие биле многу посветени од мажите, според различни истражувања и студии.

Сепак, деловната култура на компаниите може многу да придонесе за остварување на целосниот потенцијал на жените, бидејќи се повеќе од нив обрнуваат внимание на потребите на припадничките на понежниот пол. Она што секако е сè уште присутно, можеби уште поизразено во 2021 година отколку во 2020 година, е дека има голема разлика во заработката.


Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк