Таа е „благословена“, „мудра“: Жените кои го носат ова име се верен пријател

Се претпоставува дека руската форма на ова име Олга стигнала во Русија околу 9 век

Името Олгица, една од формите на името Олга, има свои корени и од руски и од скандинавски извори. Се смета дека потекнува од името Хелга, форма на зборот „хеилагр“, што значи свет, благословен, светол. Ова име се однесува на позитивна енергија и брилијантност.

Се претпоставува дека руската форма на ова име Олга пристигнала во Русија околу 9 век, кога Викинзите ја донеле од Шведска за време на нивните освојувања и дека стигнала и до Германија преку браковите на владетелите.

Следејќи го основното значење, името Олгица, како и Олга, значи „онаа што е родена за да биде почитувана и ценета“, „онаа што е силна и здрава“, „цврста“, „просветлена и мудра“, „поддршка“, „добар пријател на сите“.

Името Олга е едно од најчестите во Русија. Има повеќе прекари од неговата форма Олгица, а најзастапени се Оља, Оливера. Машката форма на ова име е Олег.fre