Тагата ја претвори во радост: Лилјана на 70 години почна да трча полумаратон

Мојата покојна мајка имаше само една желба - да се движам што е можно повеќе. Почина кога наполнив 70 години, а пред да замине на оној свет ми остави аманет никогаш да не го чувствувам телото како товар. Тоа беше најмалку што можев да направам за неа. Вака ја почнува својата животна приказна Лилјана Триповиќ, пензионирана професорка по историја на уметност која одлучила нејзиниот живот во трето доба биде драстично поразличен од оној на нејзините врсници.

Лилјана која неодамна наполни 74 години, оваа нејзина несекојдневна авантура ја почнала во 2015 година кога почнала да трча во населбата каде што живее.

- Почнав со помош на апликацијата Runkeeper која ми ја покажа зетот. Од него добив и неколку работи за трчање, односно ми подари дел од својата опрема. Уште ја користам неговата јакна за ветер и една за дожд. Тој активно трча поради работата, а јас сум му бескрајно благодарна за се’ - раскажува Лилјана.

Кога починала мајка ѝ, Триповиќ одлучила тагата да ја претвори во радост и сега е среќна што ја исполнила нејзината желба и што нема никакви здравствени проблеми. Прво почнала да трча по градските квартови во Загреб, но тоа не било доволен предизвик за неа, па одлучила посериозно да му се посвети на овој спорт. Веќе има бројни успеси, но и медали од полумаратони. Особено е благодарна на нејзиниот тренер Драган Јанковиќ.

Иако е во поодмнинати години, Лилјана ги следи трендовите. Знае да работи на компјутер, одлично се снаоѓа со паметните телефони, а се опушта со литература на англиски јазик.