Тања Савиќ откри детали од пресудата: Пејачката ја чека долга борба за синовите

Добивај вести на Viber

Иако многумина се израдуваат на веста дека Тања Савиќ конечно ќе ги види синовите на Максим и Ѓорѓе по една година, пејачката сега откри дека сè уште не го добила старателството над децата.

- Официјално добив пресуда за враќање на децата. Јас сè уште немам старателство над децата, тоа не е решено, ќе мора да се бориме за тоа од Србија. Пресудата донесе само одлука децата да се вратат во Србија затоа што со сите трудови докажав дека децата живеат тука, дека имаат престој, дека се школувале тука, дека тука поминале повеќе време отколку во Австралија - рече Тања , пренесуваат српските медиуми.

- Разговарав со децата, тие се збунети, беа без мене една година, а сега знаат дека ќе бидат без татко ми. Тоа е пресвртна точка во нашите животи која е тешка. Не знам што да мислам. Многу ми е жал за себичноста на еден родител, а тоа во овој случај не сум јас. Мојата голема желба за мојот роденден се оствари и нема посреќна мајка од мене. Сè уште немам можност да ги гушкам децата, но тоа ќе биде наскоро - додала Савиќ, а потоа истакна дека сè уште има цел список на неисполнети желби, иако најголемата се оствари.

- Имам желби, не ми се исполнија сите. Сепак, јас сум среќна жена затоа што малите нешта ме прават среќна - заклучила пејачката.


Фото: Инстаграм-официајлен профил Тања Савиќ

Може да ве интересира:

Тања Савиќ се расплака пред камерите: Со солзи кажа кој е човекот што го сакала најмногу