Тато, ти благодарам што сега сфатив колку сме сиромашни: Што научи богато дете на село

Времето на пандемијата на вирусот корона многумина ќе го паметат по враќањето во природа и село, а оваа приказна нè потсетува на она што е најважно и најскапо во животот.

Приказната, која одамна се прошири на социјалните мрежи, стана актуелна повторно во ерата на коронавирусот. Како што велат многумина, продавниците беа затворени, но природата остана „отворена“. Затоа не е изненадувачки што овој поучен текст за останување на село нè потсети кои се најголемите вредности во животот.

Еден ден, еден татко, инаку многу богат човек, решил да го однесе својот млад син во селото со цел да му покаже како живеат сиромашни луѓе. Тие поминале еден месец со семејство кое го опишуваат како сиромашно. Кога се вратиле дома, таткото го прашал својот син:

„Како ти се допадна селото?“ - на што момчето одговори:
„Беше одлично тато!
„Дали разбираш сега како живеат сиромашните луѓе?”, го прашува таткото.
„Да, разбирам“, одговори синот.
„Тогаш, кажи ми, што научи?

„Дека ние имаме едно куче, а тие четири. Нашиот базен се протега до средината на дворот, а нивната река нема крај на повидок. Имаме кинески ламби во дворот, а тие имаат бесконечно sвездено небо. Нашиот поглед достигнува до оградата, а тие имаат цел хоризонт пред себе. Ние живееме на мало парче земја, а тие имаат бесконечни полиња. Ние имаме лична услуга што ни помага, и тие им помагаат на другите.
Купуваме храна, тие си собираат своја. Имаме sидови околу нашата куќа за да нè заштитат, а нив ги штитат пријатели“.

Таткото остана без текст. Тогаш синот додаде:

„Тато, ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни.“

извор:lepa&srecna

-Кога мајка ми замина сфатив: Исплашен организам е плодна почва за тешки проблеми!

-Целата мудрост на животот во неколку зборови: Поучна приказна oд двајца монаси
-Како знаете дека Бог постои ако никој никогаш не го видел? Поучна приказна од 20 секунди