Тажните денови останаа во минатото: Малиот Андреј среќен во градинка, Љупче на работа

Добивај вести на Viber

Иако надвор е студено и мрачно, во срцата на малиот Андреј и неговиот татко има големо сонце.

Приказната за нивниот животен пат која допре до сите, за минута доби нова димензија, а хуманоста на бројни граѓани и хуманитарни организации ги врати насмевките на нивните лица.


Апелите за помош брзо се раширија на социјалните мрежи а одзивот на хуманите испиша уште една приказна со среќен крај.

Од вчера малиот Андреј почна и во градинка, како што и беше најавено, додека неговиот татко ќе може да му обезбедува подобар живот со сопствени раце бидејќи тој почна со работа.


Градинката ќе биде позитивно катче за Андреј каде ќе може да другарува со другарчиња, но и да се социјализира.

Прочитајте и:

Љупче нема веќе да го храни синчето со леб и шеќер: Се враќа надежта во животот на самохраниот татко од Штип

Фото: Фејсбук- Д-р Сашко Николов