Тој е негов роден брат: Здравко Чолиќ е приврзан многу за него, а еве како изгледа и што прави! (ФОТО)
Малкумина знаат
дека музичката Балканска sвезда Здравко Чолиќ има брат Драган, кој води
ресторани низ целиот Балкан.
Работата на Чола вклучува повремени јавни настапи, но познато е дека членовите на неговото семејство не практикуваат да одат на јавни настани.
Малкумина знаат како изгледа Драган Чолиќ, кој води ќебапчилници во Белград.
Чола е многу приврзан за неговиот брат, а нивните родители ја негувале таа љубов за време на нивното детство.
- Тие направија се‘ за да мојот брат Драган и мене не изведат на вистинскиот пат и го дадоа најдоброто за нас двајца - порано изјави Чола за „Стори“.
По смртта на неговата мајка, Здравко и неговиот брат Драган станаа уште поприврзани.
- Нашите родители направија се‘ за да не изведат мене и Драган на вистинскиот пат. Татко ми ми го купи првиот грамофон, првата гитара, сето тоа од една плата, затоа што мајка ми беше домаќинка - рече Чола.
Пред неколку години, Драган наводно го купил оригиналниот рецепт за познатите сараевски ќебапи, а рецептот му го продал добро познатиот локален производител на ќебапи Хоџиќ.
Иако не сака да се покажува во јавноста, Драган и Здравко се многу приврзани и секогаш кога Чола е во Белград, тој се труди најдобро да го помине времето со неговиот брат, како и со другите членови на семејството.
Фото: Инстаграм/zdravkocolic
Можеби ќе ве интересира:
Обожавателка на Здравко Чолиќ ја нападнала неговата сопруга со нож: Затоа Сандра никогаш не се појавува во јавноста?!