„Толку си се запуштила што поради тебе не сакам да родам дете, нели ти е срам?“: Инфлуенсерка трпи навреди поради нејзиното тело

Инфлуенсерката вели дека нејзините придружници ја навредуваат бидејќи „немаат желба да имаат дете“ поради неа.

Нели е инфлуенсерка која се занимава со содржини поврзани со позитивен пристап кон тела од сите големини и форми на нејзините социјални мрежи.

Таа вели дека секогаш се грижи фотографиите што ги прикачува да бидат без филтри, и токму тоа привлече речиси пет милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм. Меѓутоа, со толку многу следбеници, пристигнуваат еден куп негативно настроени луѓе, па оваа инфлуенсерка вели дека сега е изложена на напади, навреди од публиката која ѝ испраќа одвратни пораки на сметка на нејзините нефилтрирани слики.

View this post on Instagram

A post shared by N E L L Y L O N D O N (@_nelly_london)



- Иако немам деца, најчестиот коментар што го добивам од моите следбеници е дека моето тело е „толку страшно што не сакаат да имаат деца поради мене“, вели таа.

- Редовно споделувам слики од моето тело со сите негови „маани“, кои вклучуваат целулит и стрии и надвисната кожа. Понекогаш стомакот ми се превртува поради навредите што ги добивам поради тоа - вели таа.

- Луѓето често не ни сфаќаат дека никогаш не сум родила дете, едноставно, моето тело изгледа вака. Имам стрии, градите ми се опуштени, имам стомак и имам целулит. Тоа сум јас и мислам дека е во ред да имате такво тело без разлика дали имате дете или не. Изгледа дека само жените што родиле имаат право да имаат тело со „недостатоци“, и тие мора да се вратат во форма што е можно поскоро. Ние што не се породивме очигледно немаме право на несовршености - вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by N E L L Y L O N D O N (@_nelly_london)



- Кога луѓето ми пишуваат дека сум запоставена, можам само да ги сожалувам. Телата се менуваат во текот на нашиот живот. Привилегија е да живеете толку долго да гледате како вашето тело се менува пред вашите очи и не сакам да се чувствувам лошо поради тоа - заклучува таа.