Три генерации Атанасовци: Димитар објави фотографија со синот Кирил и неговиот татко

Водителот Димитар Атанасовски објави фотографија заедно со неговиот татко и синот Кирил.

„Три генерации Атанасовци“, напиша Димитар.

Малиот Кирил заедно со неговиот татко беше на плоштадот Македонија каде Димитар е водител на предновогодишната програма.

„Денес работно со колегата на плоштад“, стои во описот на фотката.

Димитар неодамна отворено зборуваше за смртта на неговата мајка, која прерано почина од подмолна болест. Вели смртта на родител е трауматично искуство и не постои погоден момент за загуба на родител.

Фото: Инстаграм