Убави вести: Адријан победи, тој силно заѕвони на ѕвончето на онкологија и си замина дома

Адријан е херој! Тој силно заѕвони на ѕвончето на окологија и со силните звуци навести дека си оди дома. Неговата мајка Марта се заблагодари на целиот персонал од болницата и посака сите дечиња кои се на онкологија да излезат како победници и херои. Нејзниот пост, кој го сподели невладината организација САНО, ви го пренесуваме во целост: 

„Како да започнам да го славам овој ден ако не со БЛАГОДАРАМ!

Му БЛАГОДАРАМ на БОГА што со неговата милост и сила ни помогна да го поминеме овој најтежок период и да излеземе победници, а мојот син ХЕРОЈ.

Му благодарам на целиот персонал од болницата кој несебично беа тука за нас и правеа се‘ што можеа за мојот син и сите деца БОРЦИ.

И мора да се биде БОРЕЦ и мора да се биде силен, само така и со верба во БОГА ќе помине се‘ и ќе се победи секое зло.

Излеговме како победници, излегоа и многу пред нас, но она што е моја желба е и сите после нас да излезат како такви, зошто верувајте, овие деца го заслужуваат тоа и само тоа. Да бидат ПОБЕДНИЦИ и ХЕРОИ!



Фото: Фејсбук - Марта Стојковска