Умре 37 секунди по породувањето, го опиша она што го виде „од другата страна“: Приказната на Стефани е СТРАШНА

Стефани Арнолд цело време имала лошо чувство за време на бременоста и се плашела дека ќе умре при породување. Нејзиниот страв се покажа дека не бил целосно неоправдан затоа што доживеала клиничка смрт при раѓање, која траела 37 секунди.

Според нејзиното искуство, снимен е документарниот филм „Преживеана смрт“, а Стефани објасни дека клиничката смрт настапила поради состојба наречена плацента превиа, односно предната плацента, поради што може да дојде до големо крварење.

Таа раскажа се што се сеќава од моментот кога ја подготвиле за царски рез.

- Ми ставија завеса пред лицето и ме подготвија за царски рез. Го извадија Џејкоб, здрав и среќен. Неколку секунди подоцна, моето срце застана. Сè одеднаш беше како 3Д филм, го гледав моето тело од горе, и покрај моето тело, можев да видам сè што се случуваше во операционата сала.

Таа исто така опиша што се случувало околу нејзиното тело во тоа време.

- Видов анестезиолог како стои пред моите нозе. Видов медицинска сестра како притиска на моите гради за да се обиде да ме оживее.

Стефани вели дека во тој момент не ги доживеала просторните димензии на ист начин, односно дека немало тавани или sидови.

- Сè само се движеше наоколу во различни насоки.

Таа исто така вели дека ги видела својата ќерка и нејзината баба од другата страна на болницата.


- Секаде гледав духови - баба ми која почина кога имав десет години. Се појави и мојот брат. Последното нешто што го слушнав беше д-р Левит, велејќи: „Не, ова не смее да се случи, не смее да се случи“.

Таа додава дека почувствувала нешто како силен притисок врз нејзиниот стомак пред „да се врати во нејзиното тело“.

Поради компликациите што се случија, Стефани беше во индукциска кома шест дена, и нејзините бубрези исто така започнаа да ѝ откажуваат После тоа, таа мораше да научи да оди и да зборува повторно, а ова искуство, како што вели, оставило голем белег во нејзиниот живот.

Извор: Objektiv.rs