Вака Лечиќ зборуваше за жените пред 3 години: Јас сум маж кој сака жени! Ги доживувам како инспирација!

Добивај вести на Viber

Откако актерката Даниела Штајнфелд објави документарец во кој откри дека била жртва на злоупотреба, сега го именуваше и силувачот во обвинителството.

По обвинувањата дека била силувана од Бранислав Лечиќ во мај 2012 година, јавноста во регионот е шокирана.
Даниела даде и детална исповед за нејзиното трауматско искуство,а во неколку наврати се огласи Лечиќ кој постојано повторува „дека ова е најлошата лага“ за него. 
После признанието на Даниела се огласи и водителката Христина која го сподели нејзиното лошо искуство со актерот.

Од друга страна пак, пред неколку години, како гостин во емисијата „Магазин ин“ во 2018 година, Бранислав Лечиќ со водителката Сања Маринковиќ, вака зборуваше за жените:

„Јас сум маж кој ги сака жените и не ги доживувам како другиот пол, туку како инспирација. Инспириран сум од жени, сакам да комуницирам со нив. Ако ме дефинирате како „швалер“, тогаш дисквалификувајте ме од она што се мисли и може, и тоа не ме допира затоа што сум во добар контакт со своето битие и никогаш не сум го предал и никогаш нема да го изневерам“, рече Бранислав пред три години во споменатата емисија, пишува Дневник.хр.

Поврзани вести:

По признанието на Штајнфелд: Водителката Христина Стојилковиќ објави СМС пораки со невкусна содржина што ѝ ги испраќал Лечиќ


Викав „НЕ“ додека можев: Даниела Штајнфелд со детална исповед за силувањето и траумата после тоа (ВИДЕО)