Венчавката ќе трае три дена: Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе прават свадба викендов, а овој пат сè ќе биде во стилот на „Вог“

Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов ќе имаат тридневна венчавка

Познатиот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек решија да ја направат свадбената прослава од соништата само еден месец откако тајно се венчаа во Лас Вегас.

Парот викендов ќе одржи тридневна церемонија која ќе имаме можност да ја видиме на страниците на престижниот магазин „Вог“.

View this post on Instagram

A post shared by Mawso3at Hawa (@mawso3at_hawa)



 - Бен сака на тој голем ден сè да и биде подредено на неговата избраничка Џенифер Лопез - ексклузивно раскажува инсајдер за Page Six.

Нивната тридневна „интимна прослава за семејството и пријателите“ ќе започне со пробна вечера во петок.

Самата церемонија ќе се одржи во сабота, а парот ќе ја заврши венчавката со скара и пикник во недела.

Се очекува Џенифер (53) да носи фустан со потпис на Ралф Лорен, кој е специјално изработен во Италија, а магазинот „Вог“ внимателно ќе следи се.

View this post on Instagram

A post shared by keeperfacts (@keeperfact)



Настанот до последен детаљ го планираше Колин Кауви, кој е познат како еден од најдобрите во бизнисот. Неговите хонорари се движат од 25.000 до 25 милиони долари, а тој во минатото продуцираше настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан и многу други.

View this post on Instagram

A post shared by SurgeZirc US (@surgezircus)



Извори блиски до парот изјавија дека Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек и Дреа де Матео се некои од ѕвездите кои се најдоа на списокот на гости на славната двојка. ТМЗ минатиот месец објави дека настанот ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија.

Foto: Instagram Printscreen


Од вчера, нарекувајте ја Џенифер Афлек! Пејачката реши да го земе презимето на новиот сопруг и сите се топат од љубов: Стигна првата фотка и ова е доказ за голема љубов

За Бен се омажи во наједноставната, но секоја претходно беше величенствена: Ова се сите венчаници кои ги носеше Џенифер Лопез