(ВИДЕО) Чудо во црквата Св. Димитријa: Икона на Богородица мироточи веќе четри месеци

Верниците палат свеќи и се молат на ова чудо во Грција. 

Во новото издание на Интернет публикација на црквата Свети Димитрија во Виронас, Грција, објавија дека иконата на Пресвета Богородица не престанува да мироточи веќе четири месеци. 

„Мироточење“, имено, е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи.

Во средината на септември 2020 година, кога започнало мироточењето, епархијата Кесарија, Виронас и Имитос официјално објавија за оваа чудо. 


За време на Божествената литургија на празникот Раѓање на Пресвета Богородица, за време на читањето на Светото Евангелие, парохијаните утврдија дека солзи капкаат од иконата на Богородица Утешителка. Во своето соопштение, старешината на црквата Свети Димитрија, Христодулос Коцифис, забележува дека изминатата година остави многу длабока трага во историјата на човештвото со појавата на вирус што го потресе целиот свет. Но, во сè што следеше, имаше надеж, неочекувана утеха, но и чувство на ослободување од стравот и ужасот што ги посеа пандемијата. Причината за утехата е жалоста на Светата епископска икона на Богородица Утешителка, која ја штити парохијата на Свети Димитрија од 2013 година, кога беше донесена во црквата.

извор:pink.rs