(ВИДЕО) Последен поздрав и збогување на Оливер Драгојевиќ до фановите

Легендата на хрватската музичка сцена утрово почина во болница во Сплит на 71 годишна возраст по долго боледување.

Веста за смртта на Оливер Драгојевиќ е главна тема во македонските, но и медиумите ширум Балканот. Тој ги остави зад себе неговата сопруга Весна, синот Дино и близнаците Давор и Дамир, но и богата музичко творештво, како аманет за идните генерации.

По тој повод ние ви ја пренесуваме неговата последна порака, односно простување со фановите преку видео, кое беше објавено во Спаладиум Арената во Сплит,на доделувањето на музичките награди Порин.

По емотивниот говор на музичката легенда, неговите пријатели и колеги испејаа песна посветена нему, на која никој од присутните не остана рамнодушен...

Збогум и слава ти Оливер Драгојевиќ!