Вистинската жена не трча по среќа: Таа живее овде и сега!

Психологот Јулија Свијаш, формираше 10 заповеди за вистинските жени: 

 1. Таа не трча за среќата 

Таа воопшто не трча за ништо. Трчањето по среќата е најпопуларен и најглупав спорт. Сите ние некаде трчаме. Кон светла иднина, утрешен ден, следна година, и така натаму. Вистинската жена не се занимава со овој вид „спорт“. Таа плива во животот, секогаш се наоѓа во сегашниот ден. 

 2. Сегашноста е најинтересна и најважна од сè што го окупира нејзиното внимание

Секако, таа има планови за иднината, но не го одложува животот за утре. Не чека вистинскиот живот да и почне кога конечно ќе ослабне, кога ќе дојде принцот, кога има соодветни услови, и сл. Таа живее сега. 

 3. Да се биде вистинска жена е голема привилегија, таа и го сфаќа тоа 

Со внимание се однесува кон фактот дека е родена како жена, и гледа во тоа посебна вредност. Таа не се спознава себе само како жена на ниво на поим, туку се чувствува така. За неа да се биде вистинска жена, не е испит, ниту тешка работа, и не е крст кој треба да се носи цел живот. Тоа е дар и благослов на судбината. Вистинската жена негува во себе женственост на сите нивоа: внатрешно (чувства, емоции, мисли), и надворешно (тело, облека, однесување).

  4. Таа живее со свое темпо 

Кога живеете премногу бавно, немате чувство дека тоа е живот. Кога живеете премногу брзо, немате време да го почувствувате животот. Секој од нас има свое темпо на живот. Вистинската жена добро знае и чувствува и живее согласно со него. Таа сама го регулира своето оптоварување и со самото тоа им задава темпо на околностите кои ја опкружуваат. Вистинската жена живее така што го работи она што го сака, а не го губи вкусот на живот. Во нејзините дејства најважна работа не е бројот на движења, направени во единица време, туку точноста на пресметка и спознание дека работи нешто и поради што го работи.

 5. Таа себе си е на прво место 

Тоа не значи дека е себична, бесчувствителна, рамнодушна или цинична. Тоа само значи дека прекумерната желба да се занимава со други луѓе е скриен страв да се живее сопствен живот. На вистинската жена нејзиниот живот и е интересен. Таа никогаш не губи чувство на вредност за своето лично пространство. Притоа е способна да поддржи, помогне, и да учествува во животот на другите луѓе. Таа не вели „да“ ако срцето и кажува „не“. Секогаш се слуша себеси и верува во своите чувства. 

 6. Нејзе не ѝ треба „книшка за јавно мислење“ 

 Оваа книшка за родители, наставници, соседи, роднини, пријатели и колеги, уште во детството ја добиле сите девојчиња. Вистинската жена ја фрлила „книшката“. Вистинската жена живее со своите ориентири, сама ги смислува и сама ги отелотворува. А ако не се слични со стандардите на другите, тоа многу не ја загрижува. 

 7. Таа ја претекна својата „добра девојка“ 

 „Добра девојка“ тоа е воспитната од родителите. Таа има само задача да им се допадне на другите,да предизвика одобрување. Дури и да им се допадне тогаш, кога сака да протестира. „Добрата девојка“, живее по принципот „јас треба“ или „Не треба“. Таа ретко се прашува што всушност сака таа. Вистинската жена се оддалечила од својата „добра девојка“,а истовреме се откажала од тежнеењето за одобрување и пофалби. Тоа не значи дека не ја интересира како ја оценуваат. Таа едноставно никому ништо не му докажува, а посебно не на штета на себе. За своите особини, кои обично се викаат недостатоци (а кој ги нема?) вистинската жена, се однесува како да не ги гледа. Таа ги гледа, но не драматизира. Не ги крие, но и не парадира со нив.

 8. Таа не ја игра драмата „Колку е тежок мојот живот“

Никогаш не би ни помислил дека се изморила од поправка или изградба на викендица. Дури и кога навистина има голема работа. Вистинската жена најде време да се заздрави и да изгледа добро. Таа не изигрува жртва, бидејќи знае дека околностите не се тешки сами по себе, туку поради нејзиниот однос кон нив.

 9. Осаменоста за неа е дар

Своите периоди на осаменост, ако тие постојат, вистинската жена ги почитува и сака. Не тежи да уфрли во својот живот случајни познаници или мажи, само за да не биде сама со себе. Да се биде сам со себе, тоа е богатство. Најдоброто време да ја обнови енергијата, да го исполни својот живот со спокојство и длабочина. Вистинската жена си е интересна сама на себе и ужива во самотијата со задоволство. 

 10. Таа ја сака својата старост

Секогаш! Вистинската жена живее во сегашноста, вистинската старост, користејќи ги сите нејзини предности. Таа не раскажува приказни за себе како дека нешто во тој период „веќе е доцна“ или „Уште рано“. Оваа филозофија е изговор за оние кои ги користат годините за прикривање на своите стравови или внатрешни ограничувања. Вистинската жена може сѐ и во кој било период. Затоа кај неа нема да има жалење поради нешто што не успеала.Тоа не значи дека таа не се грижи за себе и не тежи да изгледа добро. Вистинската жена знае: дека секој има своја убавина, сексуалност и шарм.