Владееше со музичката сцена во 80-тите: Легендарната пејачка денес изгледа вака (ФОТО)
Познатата пејачка со рапав глас, Бони Тајлер, ја обележа музичката сцена во осумдесеттите години од минатиот век, а некои од нејзините хитови се актуелни и денес.
Вистинското име на Бони Тајлер е Гејнор Хопкинг, а таа е родена во Велс во 1951 година. Таа го издаде својот прв албум во 1977 година, „The world starts tonight“, а синглот од 1978 година „It's a heartache“ беше во првите пет песни и во Велика Британија и во Америка. Денес, нејзина најпозната песна е дефинитивно „I need a hero“.
Пред нејзината голема светска кариера, таа учествуваше на музички натпревар, но не успеа да победи. Тоа не ја натерало да се откаже од своите соништа, туку напротив.
Покрај успешната кариера, Бони успеси нижела и на приватен план. Таа се омажила за љубовта на својот живот во 1973 година.
Освен по хитовите, таа остана запаметена и по нејзиниот атрактивен изглед. Во 80-тите години немаше човек кој не беше барем малку заљубен во неа.
Фото: Profimedia
Денес, Бони има 69 години, а многумина тврдат дека изгледа подобро отколку пред 4 децении. Не крие дека го одржува својот младешки изглед со редовни козметички третмани, но и со ботокс.
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Printscreen Youtube / Bonnie Tyler
Може да ве интересира:
Трагедија на една од најубавите жени во Југославија: Со бебе во прегратките се обиде да излезе од автомобилот, но заврши кобно