Водени лудории во Египет: Илина преслатка, мама Сара Мејс во топ форма - семејството на Димитар Атанасовски ужива во летото (ФОТО)

Познатиот пар Димитар Атанасовски и Сара Мејс заедно со ќеркичката Илина моментално уживаат на најпознатото летувалиште во Египет, Хургада, насладувајќи се на убавините кои ги нуди Црвеното море кое е познато по спектакуларните корални гребени на кои не останаа рамнодушни ниту пејачката и харфистка и нејзиниот сопруг.

„Денешниов ден ми беше еден од најубавите во животов мој….
Немам зборови колку беше убав……и денов и моиве двајца и луѓево тука и работите што ги видовме и нештата што ги искусивме….. приказна …..
Ги гледам видеава и сликиве сега и си викам е ај што да шернам?
П.С многу ми е жал што видеава се скратени (од горе и долу, ради форматот на инстаграм), инаку уште повеќе “рајска градина” се коралниве гребени во живо…“ - напиша Мејс на Инстаграм покрај низата семејни фотографии и видеа.

Во едно од видеата, Димитар ѝ прави „интервју“ на преслатката Илина која раскажува што најмногу ѝ се допаѓа во Египет. 


Мама Сара пак напиша дека е среќа да се има ќеркичка и сподели како се забавува во вода со Илина.


А таму на водените лудории им нема крај, па споделија и дел од моментите поминати на базен.


Сара Мејс ја покажа и совршената фигура и испозира во природно издание на плажа, за што доби бројни позитивни коментари, а еден од нив гласи „Сум заборавила како изгледаат нормални неизботоксирани убави жени“.