Вознемирувачко видео: Циста тешка 90 килограми извадена од млада жена на скопска Гинекологија
Досега најголемата циста извадена од човек во Македонија, но и во Европа.
Цистата започнала да расте од матката на жената по што се проширила низ целиот стомак. Таа создала труење на крвта, а големината на истата правела притисок врз ребрата и срцето.
Ова е неверојатна приказна за огромна циста која била извадена преку операција кај млада жена во земјава. На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје жената била примена во тешка здравствена состојба, бидејќи имала циста во стомакот која тежела 90 килограми.
Интервенцијата ја направил тимот на медицинскиот персонал заедно со гинекологот Игор Алуловски, како и голем тим анестезиолози. Тие врз четириесет и петгодишната жена извршиле петчасовна операција.
„За да ја извршиме операцијата, моравме прво да го испразниме туморот. Беше извадена околу 65 литри густа течност, а самиот тумор тежеше близу 90 килограми. Пациентката беше донесена во крајно влошена состојба, во аспект на дишењето и работата на другите органи низ целото тело“, изјави Алуловски за „Канал 5“.