Времето ќе ја покаже вистината: Елена Велевска отворено за сопругот
Фолк-пејачката Елена Велевска се отвори за естрадниот Тв магазин „Бекстејџ“. Во прилогот кој е сниман на една од охридските плажи, Велевска изјави дека не се разведува од сопругот Марјиан.
„Прочитав сешто за мене, и не сакам многу да коментирам. Времето ќе ја покаже вистината. Не се разведувам и немам никакво ново момче. Бевме еднаш фамилијарно на одмор, во јуни, тука беше и Марјиан. Сега ќе одиме пак од 14 август, да се одмориме малку со децата“, изјави Велевска.
„Јас никогаш не сум се доживувала како секс симбол и не знам зошто така мажите ме гледале. Многу повеќе би сакала да ја запознаат онаа реалната Елена. На Тв екраните, јас изгледам недостижно, а приватно е контра од тоа. Оние кои лично ме пзонаваат се воодушевуваат на она оригиналната Елена“, рече Велевска.