Вујко или стрико: Зошто ја имате најдобрата улога и децата ве обожаваат

Без разлика дали имате свои деца или не, односот со вашите браќа и сестри навистина го збогатува вашиот живот.

Според оние кои уживаат да поминуваат време со децата на нивните сестри или браќа, тоа е најдобрата работа на светот!

Еве неколку причини зошто е добро да се биде вујко или чичко:

1. Подарувате популарни играчки што родителите не сакаат да ги купуваат

Без разлика дали станува збор за играчки со непријатни звуци, микрофон или други активности кои не се многу пријатни за увото, а децата ги обожаваат, вашите раце се одврзани кога станува збор за купување. Може да издржите неколку родителски критики, но малите ќе ве обожаваат.

2. Лесно им кажувате „Да“

Родителите имаат свои правила и стандарди и „не“ понекогаш навистина значи „не“. Но, тоа не важи за вас! Вие лесно ќе попуштите и ќе го почестите вашето малечко со сладолед, лижавче или омилена видео игра. Нивната насмевка и задоволство се непроценлива награда.

3. Може да избегнете непријатни обврски

Ќе се согласите да го нахраните, да го капете и да го заспиете бебето, но може да одбиете да ја смените пелената ако не сакате.

4. Прегратка злато вредна

Вие сте во прегратките на малите како во рајот и сигурно честопати ќе уживате во таа привилегија. Од една страна, ќе им дадете на малите сè што сакаат, а сепак нема да бидат толку лути на вас доколку некогаш го одбиете нивната молба за торта.

5. Уживате да читате една приказна одново и одново

Со деца, времето минува брзо, и ако претходно мислевте дека не можете да ја прочитате истата книга двапати, со овие мали генијалци, ќе прочитате една приказна до неколку десетици пати. И верувајте , нема да ви биде досадно!

6. Вашиот сон не е загрозен

За разлика од родителите, темните кругови околу очи нема да ве вознемируваат. Ќе спиете мирно и повторно ќе уживате во времето со децата.

7. Ќе бидете тука за првите тајни

Ако детето на вашиот брат или сестра ви верува доволно за да ви се довери - ќе бидете горди! Исто така, ќе бидете рамо за плачење и за утеха и советување.

8. Ќе имате изговор за игра

Понекогаш детето се буди во вас и сакате да ги соблечете чевлите, да трчате на трева или да играте во калта. Ќе ја имате таа привилегија кај вашите малечки од вашиот брат или сестра, и тие ќе бидат воодушевени да поминуваат време со вас во игра и смеа.


Извор: јумама.ком

Фото:freepik.com

Mоже да ве интересира:

Една е тетка: Таа е тука кога мама ќе збесне за првото момче, а тато за првото мини здолниште