Започнете го утрото со домашен магнезиум: Се прави од само 4 состојки, а неговиот недостаток доведува до депресија, аритмија...
Недостатокот на овој минерал се манифестира преку депресија, грчеви во мускулите, аритмија, а долгорочно може да доведе до посложени болести.
Магнезиумот е неверојатно важен за правилното функционирање на телото. Со оглед на неговото значење за организмот, недостатокот на овој минерал се манифестира преку депресија, грчеви во мускулите, аритмија, а долгорочно може да доведе до посложени болести.
Храната како темно чоколадо, авокадо, лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, банани, содржи многу магнезиум, а доколку ги немате овие намирници, можете да направите напиток кој ќе го компензира магнезиумот во организмот.
За овој напиток ќе ви бидат потребни следните 4 состојки:
– 25 гр семки од тиква
– 200 мл бадемово млеко
– 2 лажици ленено семе
– портокал
Подготовка:
Во блендер ставете ги семките од тиква, лененото семе и додадете го сечканиот портокал. Потоа сипете го бадемовото млеко и миксирајте околу 30 секунди. Добиениот пијалок оставете го да отстои неколку минути.
Експертите советуваат овој напиток да го консумирате наутро, за да имате доволно енергија во текот на денот и да бидете добро расположени.
Фото:freepik