Заработуваше милиони, денес е бездомник: Беше една од најубавите манекенки, а потоа го запозна него
Фото насловна: YOUTUBE/EL PAÍS
Таа ја плати цената за
нејзината лековерност
Кога некој ќе ја започне својата приказна со: „Сакам да живеам, не само да преживувам“, за вас е јасно во каква состојба е лицето. Верувале или не, зад овие зборови стои една од некогаш најплатените и најбараните модели, Настасија Урбано.
Некогашната расна убавица, денес е бездомник и од стариот сјај речиси и да нема ништо. И сè затоа што таа веруваше во љубов.
Уморна од преживување и барање пари, поранешната манекенка се обрати до јавноста за помош и ја сподели својата приказна на бројни портали.
Нејзината слава започна откако ја сними насловната страница за „Вог“, во осумдесеттите години, што и овозможи да патува низ целиот свет и да заработи огромни пари. Тоа беше златната ера на супермоделите, кога таа владееше со пистите заедно со Линда Евангелиста, Ел Мекферсон и други познати модели.
Потоа се дружеше со „крем де ла крем“ на светскиот џет сет, како што се Џек Николсон, Енди Ворхол, Роман Полански, како и Мелани Грифит, но и разни музичари како бендот „Симон и Гарфункел“, еден од најпопуларниот во тоа време.
Сепак, таа на своја кожа почувствува дека сè што е убаво има крај кога се сретна со човек кој подоцна стана нејзин сопруг, и со кого имаше две деца - прво ќерка, а потоа и син. Денес ќерката има 27 години, а синот 18 години.
„Јас го финансирав неговиот животен стил, а тој ме остави само со облека“, рече Урбано.
Таа додаде дека единствената добра работа во нејзината врска со сопругот биле нејзините деца, додека сè друго било ужасно.
„Тој плати за сè со моите пари. Само два дена откако го запознав, тој сакаше да му купам БМВ, а јас, будала, потпишав чек за него. Бев вљубена“, се сеќава Настасја за нејзината лековерност.
Настасија плати за сите негови пропаднати проекти и работни места и по големо разочарување западна во тешка депресија.
Сопственикот ја избркал од станот затоа што повеќе не можела да ја плаќа киријата.
Понекогаш спиела на софите на пријателите, а бидејќи не сакала да им биде товар, почесто одела во лобиите на банките каде што автоматската врата им овозможува на корисниците пристап до банкомати.
„Сакам децата да ме гледаат во поинакво светло. Сакам да се опоравам како личност, за да можат да бидат горди на мене“, истакна Урбано.
Иако многумина ја прашаа зошто не им се обрати за помош, бидејќи тие се веќе големи, поранешната манекенка тогаш истакна дека имаат доволно свои проблеми и дека не сака да им се меша во животот.
Настасија ја започна својата модна кариера во Барселона, а подоцна, како модел за врвни брендови, работеше за „Revlon“, „Yves Saint Laurent“ и многу други.
Многу колеги беа шокирани кога слушнаа за нејзината моментална состојба. „Никој не го очекуваше тоа. Со нас се однесуваа како принцеза, но таа се однесуваше како божица. Таа не го заслужува ова“, рече Рут Шулер, исто така некогашно големо име во светот на моделот, која ја памети Настасија како интроверт, многу убава и дарежлива личност.
Многумина се убедени дека Урбано сè уште има што да му понуди на модниот свет. Особено во денешно време. Нејзините пријатели и отворија фонд „Go fund me“, со цел да соберат пари кои ќе и го олеснат животот. Беа собрани нешто повеќе од 6.000 евра, што не беше доволно за да ги подмири сите нејзини долгови, но со нив таа може барем да си ги дозволи основните работи.
Минатата година, Урбано повторно се најде пред камера и покажа зошто е една од најдобрите и најплатените топ модели на своето време. Вистина е дека едно време, за само една година, таа успеа да заработи милион долари и тоа за вкупно дваесет дена, што беа всушност три или четири снимки.
Таа заврши на улица на 57 години, но судејќи според нејзиниот Инстаграм, работите одат во поповолна насока. Во меѓувреме, Настасија направи неколку снимки, а откако светските медиуми беа преплавени со нејзината тажна приказна, нејзината ќерка многу и помогна да застане на нозе.
Фото: Инстгарам/nurbano518/nastasiaurbano/
Можеби ќе ве интересира:
Сакала да се самоубие, трпела страшни навреди: Денес познатата манекенка е среќно вљубена