Жената како муза во музиката: Опеаните Македонки во песните

Жената низ историјата била инспирација за започнување конфликт меѓу две држави, за предизвикување двобој каде што мажите ја бранеле нејзината чест, но и муза за создавање бројни уметнички дела, песни, романи.

Честопати уметниците знаеле да западнат во тешка креативна криза, да добијат креативен блок, сé додека не здогледаат некои длабоки црни очи, некоја лелеава руса коса, некоја ангелска насмевка. Зад секое големо уметничко дело се криела некоја муза.

Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ во изведба на „ Нокаут“  се содржани последните неколку години од животот на Никола Перевски-Пере, фронтменот на популарниот бенд.

-Секој  збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа е Јована. Со неа почнав живот со заеднички победи. Таа е љубовта која ми подари уште една ќерка и ми ја дава најголемата поддршка во работата. Во песната има еден стих „Сакам да полетам, земји да прескокнам“. Периодот кога студирав во Барселона навистина прескокнував земји за да ја видам мојата љубов, мојата радост. Истовремено доаѓав и за да го одржам континуитетот на настапи со Нокаут. Често пати ги прескокнував земјите и во мислите,  не само физички. Му благодарам на Бога, сега веќе нема потреба да го правам тоа.  Заедно сме, градиме заедничка иднина и ја продолжуваме нашата љубовна приказна. Во Барселона завршив аудио продукција на катедрата за електронска музика на реномираниот институт – вели Перевски.


Песни од љубов и покајание 

Жената денес, сеуште е огледало на емоциите на уметникот пренесени преку, стих, ноти, слика или модна креација. Таа е инспирација, која некогаш нема ни име, ни адреса, а постои пред очите, доволно да создаде слика, да повика заборавен збор, да разбуди немир.

„За тебе" Јас сум с` што ти е требно на тебе, љубоморно те чувам ко пес само за себе! Ја можам да замислам како би ми било да останам сам, сам, сам, али не и без тебе. Вероватно ќе откачам!. Тоа се стиховите од новата песна „Без тебе„ на Марко Маринковиќ - Слаткаристика посветени на неговата сопруга Сања Николиќ. Популарниот рапер е само следбеник на неговите постари колеги, кои со децении оставаат стихови инспирирани од сканата личност.

Зборот е првата стрела која удира "директно во срцето" на слушателот, без разлика дали е напишан од среќа, тага или покајание. Многу песни стануваат хитови благодарение на пораката што произлегува од текстот.

Во популарната музика постојат голем број мелодии, кои се доволни сами на себе и функционираат како инструментални нумери, како проектот на Александар Ристовски Принц „,Кога розите спијат„. Инспириран од својата сопруга Розе, познатипт музичар своите емоции ги срочил само во ноти.

- Со Розе се запознавме кога ја правев музиката за нејзината модна ревија „Скриени страсти„. Уште на почетокот таа беше моја инспирација за музиката од тој моден настан. Се надевам дека со тоа добив поени плус за да ја освојам. Подоцна и ја посевтив и темата „И во добро и во зло„ - открива Ристовски. 


Милена генерацијо моја

Благодарение, на искреноста на одредени автори, имињата на некои музи се познати не само на македонската туку и на балканската музичка сцена.

„Не бих свакој пјесме писао, да сам знао да постојиш Оливера„. Со овие стихови популарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ ја опеа својата сопруга Оливера.

Евергрините „ Милена„ и „Тонка„ на хрватскиот бенд „Нови Фосили„ се посветени на девојки со истите имиња. Авторот Рајко Думиќ ја опишал љубовта кон Милена, медицинска сестра од Неготино. Истиот автор заедно со Момчило Попадиќ во текот на една ноќ ги создале стиховите „Тонка реци цврчак, Тонка реци море„, а потоа и се јавиле да и ги прочитаат. Денес таа е госпоѓа, но с`уште не знае да ја каже буквата „р„.

Селма Бориќ, која е опеана во песната на „Бело дугме„ е дело на Владо Дијак кое го создал во 1949 година. Селма била студентка, кога тој бил вљубен во неа.Во една пригода ` се понудил да ` ги однесе куферите до возот и го рекол легендарниот стих „Селма не нагињи се кроз прозор„ кој совршено го отпеа Жељко Бебек.

Инспирација на Момчило Бајагиќ - Бајага да го создаде големиот хит му била хрватската авторка и пејачка Алка Вуица.

„Пријехавши у Загреб, задоволјства свега рад, на дјевојку из Хрваца налетио сам тад, стријеле мочне љубави помрачиле ми ум, дах усне вреле вишње нагониле на блуд„ и отпеа Џони Штулиќ од „Азра„ на Снежана Бановиќ, која денес е успешна театрска режисерка. Тоа се стихови од неговата култна тема „Усне вреле виšнје„

Соња Алексоска Неделковска