Жените ширум светот тешко дишат: Латино заводникот позира само со пешкир (ФОТО)
Малума очигледно знае како да ги натера своите фанови да уживаат
Колумбискиот пејач Малума ги почести своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со фотографии на кои позира облечен само во пешкир, а во преден план се неговото торзо и бројните тетоважи.
Тој дури, некако дрско, се фатил за меѓуножјето на една фотографија и погледнал директно во камерата.
Неговите обожавателки се шегуваа, меѓусебно прашувајќи се во коментар дали сè уште дишат по овие фотографии.
„Па ова беше навистина добро утро“, „Посакувам да сум шолја кафе во твоите раце“, „Ова ми го уништи срцевиот мускул“, „Се што сакам за Божиќ е тој пешкир“ - беа само дел од коментарите. Инаку, извесно време Малума беше поврзуван со Ким Кардашијан, но се пропадна кога таа излегуваше со Пит Дејвидсон, со кој раскина пред неколку месеци.
ФОТО: Инстаграм