Жените тврдат дека е пример за совршен маж, тој со децата се појави на црвениот тепих: Синот кој ретко го гледаме е ист како таткото (ФОТО)

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „Нема време да умреш“ конечно се одржа по одложувањето поради пандемијата на вирусот коронавирус, а можноста за семеен излез ја искористи миленикот на дамите Џејсон Момоа.


Имено, 42-годишниот актер се појави на црвениот тепих со синот и ќерката, 14-годишната Лола и 12-годишната Накоа-Волф, кои ги доби во бракот со сопругата Лиза Бонет.

View this post on Instagram

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)



Многумина беа воодушевени од глетката, особено затоа што малиот Накоа-Волф, покрај својот татко во свечен костим, избра и темна облека и со распуштената кадрава коса, многу личеше на својот татко. Во рок изданието со моторџиска јакна, синот на Џејсон, коментираат корисниците на социјалните мрежи, е вистинска слика и прилика на неговиот татко.

Меѓутоа, на црвениот тепих, не се појави сопругата на Џејсон, Лиза. Да потсетиме, парот се венча во 2017 година на интимна церемонија.


Foto: Instagram/Jason Momoa