Женските очи не можат да бидат убави, ако некогаш не плачелe многу: 10 животни лекции од Софија Лорен

Мајката секогаш треба да мисли два пати. Еднаш за себе, а еднаш за своето дете, смета италијанската дива, славната актерка Софија Лорен. Таа има успешна кариера, но и богат живот кој ја научил многу лекции. Секоја од нив била еднакво важна, особено овие десет кои според нејзе злато вредат. 

1. Сексапилот е 50% тоа што го имаш и 50% од тоа што луѓето мислат дека имаш.

2. Мораш да уживаш во животот. Секогаш опкружи се со луѓе што ти се допаѓаат, со кои можеш убаво да разговараш. Постојат толку позитивни работи за кои треба да размислуваме. 

3. Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица - да ѝ служи на својата намена, но без да го попречи погледот. 

4. По сите овие години, сè уште сум вклучена во процесот на самооткривање. Подобро е да го истражуваш животот и притоа да правиш грешки, отколку да играш на сигурно. Грешките се дел од долговите, кои личноста ги плаќа за да води богат живот. 

5. Мајката секогаш треба да размислува двапати. Еднаш за себе, еднаш за своето дете.

6. Постои фонтана на младоста. Тоа е твојот ум, креативноста, која ја внесуваш во својот живот и во животот на личностите што ги сакаш. Кога ќе научиш да го користиш тој дар, тогаш вистински ќе победиш во животот. 

7. Погрешно е да мислиш дека кога еднаш ќе завршиш училиште веќе нема да мора да научиш нешто ново. 

8. Твоите очи не може да бидат убави, ако не заплакале барем еднаш. 

9. Многу луѓе мислат дека сакаат работи, но всушност не поседуваат сила, дисциплина. Верувам дека го добиваш тоа што го сакаш само ако тоа доволно силно го сакаш.

10. Мислам дека завидливоста доаѓа однатре. Тоа е нешто што го имаш или немаш и навистина нема врска со градите, нозете или прчењето на усните.