Жлезда на среќата: Ослободете се од целата негативна енергија со еден чекор

фото:Shuterstock

Ако имате чести напади на паника, вознемиреност и стрес, направете го тоа неколку пати на ден и ќе можете да ја вратите вашата животна рамнотежа.

Во нашето тело постои орган за кој многу малку се зборува, но кој со право можеме да го наречеме точка на среќата!

Најдобро од сè, не е потребно многу време да се најде - тоа е градната жлезда - тимусот. Сместен е во горниот дел од градниот кош, а за да го пронајдете, треба само да ставите два свиткани прста на вдлабнатината на предниот долен дел на вратот, веднаш над градната коска. Тоа ќе биде приближното место на тимусот.

Тимусот се нарекува точка на среќа затоа што оваа жлезда помага во неутрализирање на негативната енергија, го зајакнува имунитетот и целокупното здравје.

Како да се активира точката на среќата

Нежно притискање, галење и масирање на овие точки се многу ефикасни методи кои помагаат да ги зголемите вашите енергетски вибрации на повисоко ниво. Оваа жлезда ја одржува енергијата на нашето тело, па кога ќе се појави нерамнотежа во нашиот енергетски систем, токму оваа жлезда може да помогне. Тоа е мост помеѓу мозокот и телото. Под влијание на стрес, жлездата се намалува, што доведува до намалување на виталната енергија.

Можете исто така да ја стимулирате градната жлезда односно тимусот со тупаница - само тропнете лесно, не удирајте. Можете да го допрете или да го масирате со прстите. Правете го ова приближно 20-30 секунди и дишете длабоко. 

Ќе дознаете кога вашата точка на среќа е активирана - ќе почувствувате како трнење низ вашето тело и ќе имате чувство на радост и среќа. Можеби ќе потрае некое време додека не почувствувате нешто, но правете ја оваа вежба секој ден и сигурно ќе ја почувствувате нејзината ефикасност.

Ако имате чести напади на паника, вознемиреност и стрес, направете го тоа неколку пати на ден и ќе можете да ја вратите вашата животна рамнотежа.

извор:glossy.espreso.rs