10 години подоцна: Кејт и Вилијам на местото каде што се венчаа, принцот не го тргна погледот од сопругата
Кејт Мидлтон е една од најсаканите членови на кралското семејство и жена која редовно добива само пофалби за своите модни изданија.
Секогаш женствена, Кејт се истакна со својот моден избор и при посета на опатија „Вестминстер“, каде моментално се наоѓа центарот за вакцинација, со цел да им оддаде почит на напорите на медицинските работници во борбата против коронавирусот, заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Кралската посета на лондонскиот центар за вакцинација на војводата и војвотката од Кембриџ не помина незабележано, а Кејт Мидлтон повторно беше во центарот на вниманието.
За оваа посета, 39-годишната војвотка избра палто во мека крем нијанса со интересен детал со потпис на омилената дизајнерка Кетрин Вокер, и го комбинираше со салонки на Џими Чу.
Косата ја подигна во една од нејзините омилени фризури, а дискретните обетки убаво се вклопија во овој женствен стајлинг на Кејт Мидлтон.
Војводата и војвотката од Кембриџ се прошетаа и по ходникот во катедралата каде што се венчаа на 29 април 2011 година, а најпознатата црква во Велика Британија сега е место на вакцинација каде околу 2000 луѓе неделно ја добиваат својата доза.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам запалија свеќа и положија цвеќе во спомен на 126 000 луѓе кои починаа во Велика Британија за време на пандемијата.
извор:stil.kurir.rs